Откриени акцизни неправилности кај 6 угостителски објекти во Дојран

На 25-ти јули комбинирани тимови на Царинската управа и на Управата за јавни приходи извршија координирани контроли во повеќе угостителски објекти во Дојран.

Царинската управа контролите ги вршеше согласно своите надлежности кои што произлегуваат од Законот за акцизите, додека Управата за приходи согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.

При контролата во 6 угостителски објекти е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци.

Притоа, привремено се задржани околу 64,5 литри литри жестоки алкохолни пиајлоци од кои 30 литри се домашна ракија и мастика за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност.

Царинската управа продолжува со контроли на акцизните добра со цел да се обезбеди легитимна конкурентност, заштита на здравјето на граѓаните и соодветна наплата на пропишаната акциза.