Три глувци седат во кафана, пијат и се фалат кој колку е силен.
Првиот вели:
– Јас секој ден одам да јадам половина од отровот за глувци!
Вториот вели:
– Мене стапицата за глувци ми служи како теретана, ја земам и се билдам!
Третиот изнервиран ја крши чашата, тргнува кон излезната врата, а овие двајца го прашуваат: каде?
– Одам да изедам мачка!!!