Од полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,37 %. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енргетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 13.07.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 13.07.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 41,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,627 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 13.07.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 25,691 ден/кг.