Викендов зајакната сообраќајна контрола во Куманово

На подрачјето на СВР Куманово во текот на викендот спроведени се зајакнати акциски контроли од областа на сообраќајот, при што од страна на полициските службеници од ПС за БПС контролирани се вкупно 259 возачи и возила.

Од извршената контрола констатирани се 80 прекршоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и Закон за возила. Загрижувачки е податокот дека најголемиот број на прекршоци се констатирани за управување на возило под дејство на алкохол и тоа во 50 случаи и 8 прекршоци за управување на возило пред стекнување право за управување со моторно возио. Исто така констатирани се и 22 останати прекршоци од кои 9 се за нерегистрирани, 5 прекршока за возач почетник итн.

Согласно горенаведеното, СВР Куманово упатува АПЕЛ ДО СИТЕ ВОЗАЧИ:

„Заради безбедност на сите учесници во сообраќајот и безбедноста на граѓаните да не се управува возило под дејство на алкохол и сите да се придржуваат до собраќајните правила и прописи“.