Концертот на Музичка младина на Македонија во живо и на интернет

Концертот на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија, кој ќе се одржи денеска во црквата Св.Софија со почеток од 21:00 часот, под диригентство на Елена Митревска а во рамките на фестивалот „Охридско лето“,ќе може да се следи во живо на веб страната на Охридско лето, www.ohridskoleto.com.mk.

Сите љубители на музичката уметност, кои нема да се во можност да присуствуваат во акустичната црква , ќе може да уживаат преку преносот на интернет. Лајв стримингот е новина која се практикува на сите светски фестивали а Охридско лето ја воведе ваквата практика на веб стриминг од пред неколку години.

„Преносите во живо, на повеќе настани од уметничката програма во текот на едно фестивалско издание, веќе станаа традиција на фестивалот“, велат од Дирекцијата на фестивалот.

Видео преносот на интернет ќе започне од 20 часот, час пред започнување на концертот.