Минимална, но исклучително важна победа на Работнички против Трабзонспор

Работнички успеа да триумфира против Трабзонспор на првиот дуел од двомечот од третото (полуфинално) квалификационо коло од Лигата на Европа.

На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, Работнички тргна храбро уште на самиот почеток. Многу рано, односно во 23 минута со голот на Блаже Илијоски Работнички дојде во водство од 1:0, резултат со кој се замина на полувреме.

Во второто полувреме и покрај притисокот на Трабзонспор да се направи нешто повеќе, Работнички успеа да издржи и да ја зачува предноста од првиот дел. Извршени беа сите измени на обете страни, а резултатот од првото полувреме остана и конечен, на овој прв дуел. 

Повратниот дуел се игра за седум дена во Трабзон, Турција, на 6 август со почеток во 19:00 часот.

WebOhrid