Одлична игра за сигурна победа на одбојкарите на Македонија против Австрија

Одбојкарската репрезентација на Македонија одигра одлично на денешниот натпревар во Скопје и лесно ја совлада Австрија со 3:0 во сетови во рамките од Групата А во Европската лига.

Првиот и вториот сет Македонија ги доби многу лесно, поточно со одлична игра и целосно водство во текот на сетовите. Првиот сет нашите одбојкари го добија со 25:18, додека пак вториот со 25:17.

Вистинска борба се водеше во текот на третиот сет. Австрија водеше уште на самиот почеток од сетот, Македонија за момент успеа да изедначи, но Австрија повторно го презеде водството и ја имаше предноста до самиот крај, кога Македонија успеа да ги добие последните поени и со пресврт го доби сетот со резултат 26:24.

По одиграни 7 кола во Групата А води Естонија со 20 бодови, пред Македонија со 13, Полска со 12, Австрија со 9, Данска 5 и Израел со 4 бодови.

Македонија следниот дуел против Австрија ќе го игра утре, со почеток во 19:00 часот.

WebOhrid