Се намалува бројот на работници во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, изнесува 101.7.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, бележи опаѓање од 6.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.5%, а во секторот

Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.2%. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.3%, Капитални производи за 19.2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.1%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.1%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2015 година, во однос на периодот јануари – јуни 2014 година, изнесува 102.0.