Охрид го празнува Илинден

По повод 2-ри август – Илинден, Денот на Републиката, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на илинденците и борците во градскиот парк.

Свежо цвеќе положија и делегации од Сојузот на борци на Народно Ослободителната Борба, советници од Советот на општина Охрид, политички партии, останати претставници од јавниот живот и граѓани.

Пред присутните историски осврт за значењето на Илинден и АСНОМ одржа проф. Григор Ангеличин- Жура.

Делегација од општина Охрид денеска во село Плаќе положи цвеќе пред спомен обележјето на паднатите борци во востанието кај Рашанец во 1903 и НОБ на Македонија а по повод празникот се одржи и историски час.