Театарската претстава „Опасни врски“ вечерва на Охридско лето

Во рамки на фестивалот 2Охридско лето“, вечерва на сцената во предворјето на „Св.Софија“, со почеток во 21 часот ќе биде изведена театарската претстава „Опасни врски“ од Шодерло де Лакл.

„Опасни врски“  донесе една нова, сосема поинаква естетика во театарот „Вера Комисаржевскаја“. Епистоларниот роман е приказна за љубовта, страста, разочарувањето, прељубата, болката и изневерувањето. Тоа е претстава којашто е доста жестока и сурова, приказна за Валмонт и Мертеј, за двајца луѓе кои поради минатото не можат да ја живеат сегашноста.

Претставата зборува за сложните односи помеѓу мажите и жените…..за вечната борба помеѓу двата пола…ликовите се во постојана потрага по љубовта…постои ли таа…како да ја препознаеме…како да ја задржиме… Претставата е добитник на Наградата за најдобра претстава и најдобра режија на Меѓународниот театарски фестивал ФИАТ, Црна Гора. Дејан Пројковски е роден на 6.8.1979 година во Битола. Дипломирал и магистрирал на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија, Р. Бугарија. Тој е едно од водечките имиња во македонската режија.Работи како професор по актерска игра и театарска режија на универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА. Има остварено значајни театарски режии од кои како позначајни се издвојуваат: „Опасни врски“, „Хамлет“, „Смртта на Дантон“, „Црнила“, „Бегалка“, „Бечната куќа“, „Галеб“, „Тартиф“,„Прометеј“, „Ромео и Јулија“, „Каренина“, „Генетика на кучињата“, „Јонадаб“, „Падот на невиноста“, „ Браќа Карамазови“… Како режисер добитник тој и неговите претстави се наградени со голем број награди и признанија на домашни и на меѓународни фестивали. Неговите претстави гостувале во повеќе земји низ Европа како Италија, Германија, Франција, Англија, Русија, Бугарија, Србија, Турција, Полска, Хрватска и Словенија.