Иво Ивановски заминува од функцијата министер

Актуелниот министер за информатичко општество, Иво Ивановски наредниот месец заминува од министерската функција.

Во изјава за јавниот сервис, Ивановски вели дека заминува да работи на одговорна позиција во приватна меѓународна компанија.

Тој вели дека ќе има можност да работи во интерес на Македонија и на новата работна позиција.

Само 9 проценти од македонските граѓани користеа интернет во 2006. година, а денес на интернет е повеќе од 70 проценти од населението.

Од владата се надеваат оти Ивановски и со новиот ангажман ќе продолжи да го промовира имиџот на Македонија. Велат дека премиерот Груевски е во процес на консултации за избор на нов министер кој ќе се зафати со реализација на комплексната и амбициозна владина програма.

Иво Ивановски е прв министер за информатичко општество, ресор формиран во 2008-та на кој неколку години подоцна беше додаден и ресорот администрација.

Извор: Нет Прес