Огнено крштевање на кадетска репрезентација во велосипедизам на Македонија за Илинден во Србија

Кристијан Ванчевски, Мартин Цветановски, Александар Филиповски, Даниел Мојсоски, Виктор Ванчевски, Јован Настов и Кристијан Максимовски со огромна желба и пожртвуваност не преставија на меѓународната трка во Белград.

Најмладата екипа во Белград, составена од деца кои сеуште си “играат детски игри” покажа дека не се наивни учесници на оваа трка и добро го познаваат велосипедизмот.

„Прва етапа, нервозни се малку децава, со селекторот ги спремаме за борба како “петлиња” го одржуваме андреналинот доста високо, сериозни задачи добија а богами и ги извршија, убаво е на срцето кога во чело на групата имаш неколку возачи кои патем наизглед не се дораснати на трката, но уште поубаво кога многу тренери ке дојдат да ти честитаат за борбеноста на лавчињата наши. На 5 круга пред целта на првата етапа Виктор падна избуткан од поголемите “другарчиња” , ја продолжи трката како ништо да не се случило, му помагаа сите кои беа на место на падот, Даниел ја заврши етапата како 15-ти од седумдесетина велосипедисти и втор во пласман за бела маица, Виктор 27-ми и четврти во пласман за бела маица, Мартин 41- ви, Кристијан Ванчевски 43-ти, Александар 47-ми, Јован 57-ми и Кристијан Максимовски 60-ти, во ТОП ПЕТ за бела маица Даниел и Виктор, ЧЕСТИТКИ МОМЦИ!

Втора етапа, задачите се напад на бела маица, лавчињата повторно нервозни, го чекаме стартот и им го отргаме вниманието од оние што ги гледаат подоко и ги провоцираат, Виктор е во амбулантно возило да му ги средат раните од вчерашниот “приемен испит”, јак ветер и високи температури, селекторот проверува дали знаат што треба денес. Конечно старт, нервози падови, трки со кадети и јуниори се секогаш проследени со падови, во пад на 15 километар настрада и Мартин, повеќе уплашен него повреден, падната концентрација.

И денес полно срце, на радио тур јавуваат за бег од четворица во кој е и Виктор, молчам и се надевам дека бегот ќе успее, упорен е нема да се откаже, размислувам дали зборевме да продолжи сам ако се откажат другите, ВЕЧНОСТ од неколку километри за жал фанати се, гледам во опашот на групата нема наши дресови добри се децава, не бараат вода а сакав да повторам за спустот и завртувањето кои беа опасни точки да дојдам до нив, запираме пред завртување ги чекаме, идат према нас полициски возила, групата во јак ритам го качува брдото Виктор во чело го информираме за број 34 кој проба да напаѓа, Кристијан и Даниел на добра позиција, Александар зад нив, Јован на опаш на група ама гризе не се дава, добро е цела екипа во прва група. На пола брдо пука групата, се пробиваме подаваеќи вода на тие што заостануваат, отпадна Јован, по еден километар и Аце, на самиот врв Кристијан и Даниел се мачат на крај на група која е расцепена како “ОРО” , ги бодриме, мора сега се ќе се реши во овој километар два, Даниел во маки има грчеви во десната нога, Кристијан продолжува сам, добро е во караван е ќе фати група, негова задача е на Авала да помогне на Виктор и Даниел, најлесно оди на брдо, гледам некакво туркање во група, сакам да дојдам до нив не успевам, го почекувам Даниел, веќе добил вода, го бодрам да продолжи, се враќам до Виктор и Кристијан, добро е во група се, уште еден два километри спуст и брдото на Авала, поново буткање Кристијан се турка со возач два пати поголем од него, заостануваат педесетина метри, свирам, кривина 180 степени, пад, неколку возачи паднаа, Виктор исврлен не падна Кристијан десет позиции зад него, полн гас се дерам по Виктор не чекај оди, конечно до Кристијан сака да објасни за туркање, ГАС, по брат ти не запирај, до Виктор сум го бодрам не сум сигурен за позиција, не ме ни интересира сакам подобро да се качи само, долга ми се стори Авала, конечно цел, Виктор 20-ти, се распрашувам останува 4-ти во генерален за бела маица, помешани чуства не сме на пиедестал но и ова не е мала работа, Кристијан 23-ти, Даниел 30-ти, Јован 44-ти, Александар 45-ти Мартин 52-ри и Максимовски 53-ти.“ – велат организаторите.

Генерален пласман, Виктор 19-ти, Даниел 27-ми, Кристијан 30-ти, Јован 44-ти, Аце 45-ти, Мартин 52-ри и Максимовски 53-ти. Генерален Бела маица Виктор 4-ти Даниел 5-ти.

V.Makeodnska_reprezentacija_13