Утре во Требеништа ќе биде поставен камен темелник на резервоар за вода

Од Општина Дебрца информираат дека утре со почеток во 11 часот ќе биде поставен камен- темелник на местото каде што ќе се гради резервоар за вода во селото Требеништа.

На поставувањето на камен-темелникот ќе присуствува градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.