Во петок во училишниот двор при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид свечено ќе им бидат доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2014/2015.
Пред присутните ќе се обратат градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и директорот на Гимназијата, Звонко Трпески.