Македонија на 103 место на најновата ФИФА рејтинг листа

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од 2 места и се наоѓа на 103 место според најновата ФИФА рејтинг листа.

На врвот на ФИФА рејтинг листата останува Аргентина, пред Белгија и Германија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Јамајка, со скок од +21 место се најде на 55 место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Србија од -23 места која се најде на 66 место.

WebOhrid