Охридска банка донираше вода за пиење за семејствата во поплавената Шипковица. Неколку населени места поради излевање на реките од речните корита останаа без чиста вода за пиење.
„Донирани се 6,5 тони вода за пиење, кои Охридска ги предаде на кризниот штаб во село Шипковица. Оваа донација делумно ќе им овозможи да го премостат дефицитот до целосно санирање на недостигот на вода. Солидарноста е една од клучните вредности на Охридска банка, дел од Сосиете Женерал Групацијата.“– велат од Охридска банка.
Со оваа донација банката уште еднаш ја потврди својата посветеност конопштествено одговорните практики кои се препознатлив белег на корпоративниот идентитетна Охридска банка.