Концертот на хорот „Света Злата Мегленска“ вечерва во живо и на интернет

Концертот на хорот „Света Злата Мегленска“, кој ќе се одржи денеска во црквата Св.Софија со почеток од 21:00 часот, под диригентство на Летка Димовска- Полизова а во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе може да се следи во живо на веб страната на Охридско лето, www.ohridskoleto.com.mk.

Сите љубители на музичката уметност, кои нема да се во можност да присуствуваат во акустичната црква , ќе може да уживаат преку преносот на интернет во делата од домашното и светско хорско творештво.