Спомен на Петтиот Вселенски Собор
Овој Собор беше во Цариград за време на царот Јустинијан Велики, во 553 година. На Соборот беа осудени сите монофизитски ереси, како и еретичките списи на Теодор Мопсуестски, на Теодорит Кирски и на Ориген (учење што се коси со воскресението на мртвите).
Света Ана
Мајката на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум ѝ се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. После долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост.