Во текот на вчерашниот ден издадени 1064 потврди за барање азил

Во периодот од 08,00 часот на 06.08.2015 до 07.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.064 странски државјани, од кои, 672 се од машки пол, 177 се од женски, 189 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 26 деца кое патуваат без родител, на кое издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-967, потоа Пакистан-40, Ирак-33, Авганистан-19, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 07.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 28.297 странски државјани, од кои, 20.021 се од машки пол, 3.813 се од женски, 4.180 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 283 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-21.705, потоа Авганистан-1.964, Ирак-1.473, Пакистан-968, Сомалија-526, Палестина-435, Конго-285, Камерун-133, Еритреја-129, Нигерија-103, Етиопија-99, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 07.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 06.08.2015 година е евидентиран 1 барател на азил (маж).

На ден 6 Август 2015 година, мобилните тимови на Црвен крст укажаа прва помош на вкупно 112 лица, од кои 73 беа извршени во Гевгелија, а кај 39 интервенирано во Табановце.

Вкупно 12 трудници побарале медицинска асистенција од мобилните тимови, 2 деца се транспортирани до Гевгелиската Општа болница и за еден случај е повикана Итната медицинска помош

Во текот на денов на Табановце и Гевгелија вкупно беше дистрибуирано:

• 816 шишиња вода
• 103 пакети за прва помош
• 113 пакети со храна
• 43 хигиенски пакети за мажи
• 45 хигиенски пакети за жени.