Четири лица од Охрид заработија кривична пријава поради насилство

Надворешната канцеларија за криминалистички работи – ПС – Ресен до ОЈО Ресен поднесе кривична пријава против девет лица, поради основ на сомнение дека сториле кривично дело „Насилство“.

Пријавените Б.М.(36) од Ресен, Х.И.(35) од Скопје Ж.М.(47) од Охрид, П.С.(31) од Охрид, К.С.(37) од Охрид , М.К(39) од Охрид, А.Н(39) од Ресен, Н.К(36) од Ресен и О.Д(41) од Ресен, делото го сториле на 1-ви август годинава околу 22,00 часот во кафе бар во Ресен, на начин што седмо, осмо и деветтопријавените, со други лица седеле на една од масите во локалот, а на соседната маса во еден момент седнале останатите пријавени.

По кратко време помеѓу пријавените настанала кратка вербална расправија, а потоа започнала и физичка пресметка , при што настанал општ неред и тепачка со фрлање на делови од инвентар и шишиња. Притоа дел од пријавените се здобиле со телесни повреди. Со дејствието се предизвикало чувство на несигурност и страв и загрозеност кај многумина присутни гости во локалот, кои го напуштиле истиот оставајќи лични предмети и неплатени сметки за добиените услуги.