Верниците масовно се поклонуваат пред Св.Петка

По повод празникот посветен на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска – „Св.Петка“, синоќа во манастирот „Св. Петка“ во Велгошти се служеше празнична вечерна богослужба. И годинава, илјадници верници палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа.

Денес, во манастирот „Света Петка“, во Велгошти, ќе се служи света литургија, со почеток во 8:30 часот.

Инаку, манастирот „Св.Петка“ сместен е недалеку од Охрид, под Илинска планина, на самата падина од ридот Олмец, а над селото Велгошти. Посветен е на св. вмач. Параскева – Петка Римјанка, која се слави на 8-ми август, кога е манастирската слава.

За многу години!

WebOhrid