Се намалува цената на нафтените деривати

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 5,24 %, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,50 ден/литво однос на цените утврдени со Одлуката од 27.07.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажните цени наЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 27.07.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,404 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 27.07.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,287 ден/кг.