Најдобриот македонски атлетичар на прием во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт мр.Марјан Спасески го прими државниот првак во Атлетика на кратки патеки и учесник на претстојниот мундијал во Пекинг како единствен представник на Македонија, Ристе Пандев. Разговорот беше околу очекувањата од настапот на Светското во Пекинг, можностите за тренирање, но и за самите почетоци на нашиот најдобар атлетичар.

Имено Пандев е роден 1994 год. во Струмица, а со Атлетика почнува да се занимава сосем случајно во рамките на училишните натпревари. Неговиот талент бил веднаш забележан од неговиот сегашен тренер Ване Стојанов кој е истовремено кондицион тренер во ФК Турново. Студент е на Факултетот за спорт во Софија а во голем дел од годината живее во Швајцарија кај свои роднини и тренира во Атлетскиот клуб “Ге-Ге” во Берн. Како член на овој клуб настапува и на Државните натпревари на Швајцарија, каде е трет во сениорска и прв во јуниорска категорија на сто метри. Носител е на македонскиот државен рекорд на 60м (6.86), 100м (10.61) и 200м (21.65) и ќе биде единствениот македонски претставник на претстојното Светско Атлетско првенство во Пекинг (22-30.08). На скоро одражаните Европски Олимписки игри во Баку го освои второто место на 100 метри со резултат 10.70.

riste_pandev_vo_ams_1