Македонските одбојкари го освоија второто место во Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Словенија во финалето од Европската лига, со што Македонија го освои второто место во Европската лига што претставува најголем успех за нашата одбојкарска репрезентација.

Натпреварот започна со поен за Македонија, но набрзо Словенците не само што изедначија, туку веднаш избегаа на неколку поени предност. Следуваше цврста борба на двете репрезентации, Словенија ја одржуваше предноста и го доби првиот сет со 25:21.

Во вториот сет, Словенија направи разлика уште на самиот почеток и успеа да ја одржува во текот на целиот сет кој го доби со 25:20.

Третиот сет повторно започна со водство за Македонија, но предноста веднаш беше анулирана од страна на супериорната Словенија која со извонредно темпо иташе кон освојувањето на трофејот. На крајот Словенија го доби сетот со 25:17 и натпреварот со вкупни 3:0 во сетови.

Македонија ја освои наградата за фер плеј на овогодишната Европска лига, а Јовица Симовски ја доби наградата за најдобар поентер. Симовски заедно со капитенот Никола Ѓорѓиев се дел од идеалниот тим составен од најдобрите шест играчи во Европската лига.

WebOhrid