Моралес нe ја остави рамнодушна публиката на „Охридско лето“

Брилијантна техника, неверојатна леснотија, елеганција и исклучителна прецизност во свирењето и покажа шпанскиот пијанист Леонел Моралес на публиката на „Охридско лето“.

На концертот што го изведе синоќа во „Света Софија“ овој голем виртуоз на пијаното долови дела Лудвиг ван Бетовен, Сергеј Рахманинов и Игор Стравински. Иако настапувал на речиси сите поголеми музички сцени во светот каде што одржува и мајсторски школи, сепак, Моралес не ја остави рамнодушна ниту публиката на „Охридско лето“ која го испрати со воодушевување и громогласен аплауз.

morales_02

Еден од поинтересните негови курсеви, е оној на кој Моралес ги анализира и ги интерпретира сите 32 Бетовенови сонати. Во текот на својата кариера, настапувал со некои од најзначајните оркестри во светот, како Шпанскиот национален оркестар, Симфонискиот оркестар на Билбао, Симфонискиот оркестар на Хамбург, Симфониските оркестри на Истанбул и на Анкара, Берлинската филхармонија, Варшавската филхармонија и др. Соработувал и со голем број реномирани изведувжачи и интернационално признати диригенти, меѓу кои Виктор Пабло Перез, Макс Валдес, Михаил Јуровски, Александар Рабари, Жак Мерси, Франц Крејгер и многу други.

morales_04 (1)