Спречен обид за нелегално внесување на поголема сума девизи

Царинските службеници од граничниот премин Блаце спречија обид за нелегално внесување на 34 илјади евра во државата.

Синоќа околу полноќ, за влез во државата се пријави автомобил марка VOLKSWAGEN PASAT со српски регистарски таблички, управуван од српски државјанин, придружуван од уште еден српски државјанин.

На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно.

Поради сомневање во изјавата, лицата и возилото беа селектирани за детална контрола. При контрола на возилото, во касетата пред совозачкото седиште се пронајдени 34.000 евра, а по извршениот личен претрес, кај двајцата патници се пронајдени по 10.000 евра или вкупно 54.000 евра.

За време на службениот разговор, прекршителите изјавиле дека парите му припаѓаат на сопатникот и дека имале намера со нив да платат авио – транспортни услуги во Скопје.

Согласно Законот за девизно работење, по 10 илјади евра, износ кој може слободно да се внесе во државата им се вратени на прекршителите, додека остатокот од 34.000 евра е привремено задржан, а против нив е поведена и прекршочна постапка.

IMG_0072