Ќе се одбележат 72 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“

По повод 72 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“ – Првата регуларна единица на Македонската Народноослободителна војска и Денот на Армијата на РМ, Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца утре организира свечено одбележување на споменикот на Славеј Планина со почеток во 11:00 часот со следната:

П р о г р а м а

СЛАВЕЈ ПЛАНИНА, 11:00 часот:

– Полагање на свежо цвеќе пред споменикот.

– Поздравна реч на ВД претседателот на ГО на СБМ, Верка Бунтеска.

– Пригодно обраќање за значењето на настанот, на претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески.

СЕЛО ГОДИВЈЕ, 13:00 часот:

– Полагање на свежо цвеќе на спомен-плочата на паднатите борци

– Посета на спомен-собата од НОБ.

– Културно уметничка програма.