На „Охридско лето“ промоција на „Собрани драми“ од Горан Стефановски

Во организација на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе се одржи промоција на четвртата книга „Собрани драми“ од драмскиот писател Горан Стефановски. Делото ќе биде промовирано во Куќата на Уранија со почеток во 19 часот.

Горан Стефановски е роден во Битола, на 27 април 1952 година, и е еден од најзначајните македонски драмски писатели. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Стефановски работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година е професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Моментно живее и работи во Англија. Член е на Македонскиот ПЕН центар и член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година. Од 2004 година е член на Македонската академија на науките и уметностите.

Goran-korica-drami