20-годишна охриѓанка пазарела со фалсификувани пари

Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „фалсификување пари“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.М (20) од Охрид.

Пријавената, во периодот од 28 април до 17 мај оваа година, со цел да се стекне со противправна имотна корист, на подрачјето на Охрид пуштила во промет четири лажни банкноти од по петстотини денари со исти сериски број. Иако знаела дека банкнотите се фалсификивани односно дека се лажни пари Е.М. две фалсификувани банкноти од по 500 денари пуштила во промет во продавница во населбата Пештани, а по една во продавница, ноќен клуб и бурекџилница во Охрид. На тој начин, таа се стекнала со противправна имотна корист од 2000,оо денари.

На 14 мај околу 21 часот и 45 минути, пријавената Е.М. од вработениот во продавницата во Пештани побарала двете банкноти од по 500 денари да и бидат заменети за една банкнота од 1000 денари. Продавачот кој ја извршил услугата, подоцна забележал дека двете банкноти од 500 денари имаат сомнителен квалитет и дека имаат исти сериски број. Фалсификуваните пари се одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

СВР Охрид презема дополнителни мерки за утврдување на можна соработка на пријавената со други лица кои изработуваат лажни пари со намера да ги пуштат во оптек како вистински.