Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2015 година, во однос на истиот период од 2014 година, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 1.8%, во приградскиот превоз за 4.4%, а во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6.7%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 78.0%.
Во однос на истиот период од 2014 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 9.2%, во приградскиот превоз за 29.4%, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 10.0% и во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 70.0%.