Министерот Попоски утре во Охрид на затворање на Летниот камп 2015 – „Ја сакам Македонија”

Утре министерот за надворешни работи на Република Македонија,  Никола Попоски, ќе го посети Летниот камп 2015 „Ја сакам Македонија” кој секоја година, традиционално, се одржува во Охрид, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Во рамките на посетата, министерот Попоски ќе одржи предавање и ќе им додели благодарници на учесниците на истиот.