Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2015 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 3.7% во однос на истиот период од претходната година.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 25.9%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 17.3%.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, градинарските и фуражните растенија, овошјето и рибата, а намалување е забележано кај: индустриските растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото и млечните производи.
Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во април и во јуни, додека во мај е забележано опаѓање.