Македонската кошаркарска репрезентација продолжува со одигрување на пријателски средби во рамките на подготовките за Евробаскетот 2015. Вечерва во Мадрид нашиот национален тим убедливо е поразен од силната и искусна Шпанија со 94-63.
Во првиот од двата најсилни контролни меча на Македонија во подготвителниот циклус пред ЕП, поранешниот светски и европски шампион Шпанија докажа дека на престојното Европско првенство ќе биде еден од кандидарите за медал .
Црвената фурија уште од стратот на средбата најави дека вечерва не размислува на ништо друго освен на убедлив пораз и премизбраниците на Србиновски немаа одговор во нападот за брзата и црвста одбрана на Шпанците, по што домаќините на полувреме заминаа со 52-26.
На почетокот на третата делница нашите најдобри кошаркари заиграа подобро отколку во првите 20 минути и успеаја да ја добијат четвртината со 22-17.Но, Шпанија на почетокот на четвртиот период повторно заигра во ритамот од првото полувреме, македонските кошаркари повторно тешко доаѓаа во позиција да го погодат противничкиот кош, и на крајот заслужено Шпанија стигна доубедлив триумф од 94-63.
Најефикасни кошаркари во нашиот национален тим беа Ричард Хендрикс со 14 поени, 9 скока. Бојан Трајковски со 9 поени, а Предраг Самарџиски и Војдан Стојановски со по 8 постигнати кошеви.Кај Шпанија најрасположени се Руди Фернадез со 14, Фелипе Рејес и Хернангомез со по 10 поени.
Нашиот национален тим вечерва во Мадрид ја продолжи низата порази во пријателските средби со Шпанија,за црвено жолтите ова беше третиот пораз во третата контролка,на средба со црвената фурија.
Шанса да го поправат впечатокот избраниците на селекторот Србиновски ќе имаат на 25 август во Логроњо кога ќе го одиграме и вториот контролен натпревар против силната Шпанија.