Во организација на танцовиот клуб „Сонриса“, деновиве во Охрид се одржува првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, наречен „Хола Охрид“, каде своето знаење го пренесуваат инструктори од Куба и соседните Балкански земји.
Во рамките на фестивалот се одржуваат работилници и танцови забави, водени од вкупно тринаесет артисти кои доаѓаат надвор од нашите граници – десет инструктори и тројца познати латино Ди Џеи.
Се одржуваат и едукативни работилници од танцов карактер, се изучуваат техниките и тајните на сите кубански танци, како Салса, Румба, Оришас, Регетон, Руеда де Казино и многу други.
Организаторите очекуваат настанот „Хола Охрид“ да ја одбележи оваа година на македонската танцова сцена, како и да прерасне во традиционален забавен викенд-настан во градот Охрид.