Денес во просториите на општина Дебрца, градоначалникот Игор Трајкоски се сретна со најмладите. На првачињата кои се запишани во оваа учебна година им подари чанти и комплет училишен прибор и воедно им посака среќа и успешно совладување на наставните програми.
Годинава во училишните клупи во ОУ „Дебрца“ ќе се седнат вкупно 22 првачиња.
Донацијата е од страна на Фондацијата „Капинков“ која веќе се реализира по трет пат, информираат од општина Дебрца.