Претседателот на боречка федерација во работна посета на АМС

Новоизбраниот Претседател ма Боречката федерација на Македонија, Ванчо Чифлиганец оствари работна средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески. Најпрвин Спасески му честита за изборот на претседател и му посака успех во работата како и добра соработка со куќата на спортот. Се разговараше околу тековната состојба во федерацијата, борењето како еден од најтрофејните спортови во Македонија, но и за следните настапи на нашите борачи на меѓунареден план.

Посебно внимание се обрна на настапот на нашите борачи на предстојното светско првенство закажано за 07-13.09, а кое ќе се одржи во Лас Вегас и на кое ќе се брка норма за ЛОИ во Рио.

„Борењето е спорт со богата традиција во Република Македонија и во таа насока ќе продолжи во континуитет да добива секаква поддршка од Агенцијата за млади и спорт. Се надевам дека борењето како спорт ќе се врати на патеките каде беше некогаш и дека времето кога резултатите на борачите беа на прво место на листите на спортски остварувања ќе стане сегашност“,- истакна Спасески.