Се поставуваат бови во Охридското Езеро

Со цел да се зголеми безбедноста на сите учесници во езерскиот сообраќај, во Охридското Езеро се поставуваат бови на потегот од  Радожда до Св. Наум.

Бовите се користат за да се обележи растојанието и правецот на движење на пловните објекти.

„Бовите се поставуваат на целата брегова линија. На број ги има 32 и се разместени од Радожда до Св. Наум. Истите служат да се обележи просторот на кој може да се глисира или да се вози со поголема брзина, а во исто време педалините и останатите реквизити за забава на вода да се користат до самите бови. Со тоа се обезбедува поголема безбедност за сите учесници во наутиката.“– информира капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски.

Поставувањето на бовите го врши приватна фирма по налог на Министерството за транспорт и врски и Капетанија Охрид.

BoviOhridskoEzero BoviOhridskoEzeroNoke

WebOhrid