Во Пензионерскиот дом во Автокоманда во тек се градежни активности за реконструкција за подобрување на условите за чивеење на пензионерите. Увид во работите денеска изврши министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Најави дека покрај во овој, се планирани и дел започнати реконструкции и на други пензионерски домови во Македонија.
„Во соработка со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија планирани се и започнати активности за подобрување на условите за живеење во повеќе пензионерски домови во Скопје. Запонати и завршени се дел од активностите за реконструкција и реновирање на сите 44 станбени единици во пензионерскит дом во Автокоманда. Се продолжува и со реновирање на пезионерските домови во Аеродром, Чаир и Куманово“, рече министерот Спасов.
Најави дека за наредната година треба да продолжи втора фаза вакви активности за значително подобрување на условите за живот на пезнионерите кои живеат во овие пензионерски домови, а се со пониски пензии.
Претседателот на сојузот на пензионери на Македонија Драги Аргировски истакна дека во овој дом на пензионери во Автокоманда не е било вложено за подобрување на условите во последните 30-тина години.
Додаде дека соработката со МТСП и Фондот на ПИМ е мошне добра и дека заедно бараат решенија за сите проблеми со кои се соочуваат пензионерите.
Директор на Фондот на ПИОМ истакна дека досега во реконструкцијата на домот во Автокоманда биле вложени три милиони денари. Инвестирани биле во поставување ламинат во сите 44 станбени единици, сменети биле старите со нови простории во заедничките изведени се молерски работи. Се уште во тек се, информира тој, градежните работи, а ќе се санираат сите простории каде има влага.