Трансфер на Жута во Ријека

Леонард Жута е нов играч на хрватскиот тим Ријека. 23-годишниот македонски репрезентативец потпиша тригодишен договор со Ријека, а на тимот ќе му биде на располагање по завршувањето на репрезентативните обврски, двата дуели кои Македонија ќе ги игра против Луксембург и Шпанија во рамките од квалификациите за Европското првенство 2016 година.

Претходно Жута беше член на шведскиот Хакен, а во Ријека тој ќе игра заедно со нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

WebOhrid