Нијансите на небото над Охрид

Вака изгледаше небото над Охрид вечерва неколку минути по зајдисонце.

Откако Сонцето се сокри зад Самуиловата тврдина (од наш агол), неговите зраци го обоија небото над Охрид.

Најверојатно жолтата фаза го направи своето, но со одредена доза на синило. Во секој случај, прекрасна глетка за уживање за оние кои беа на отворено во тој момент.

WebOhrid