20-ти јубилејни спортски натпревари на пензионерите на Македонија

Утре во Скопје ќе се одржат 20-те јубилејни републички спортски натпревари на пензионерите на Македонија.На натпреварите ќе учествуваат 41-но здружение со вкупно 397 натпреварувачи од кои 208 во машка и 189 во женска конкуренција. Тие ќе се натпреваруваат во стандардните 11 спортски дисциплини.

Јубилејните спортски натпревари се очекува да ги отвори Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, а спортистите ќе ги поздрваи претседателот на Сојузот на здружениајта на пензионерите на Македонија Драги Аргироски.

Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца и годинава по 20-ти пат активно ќе учествува на републичките натпревари, кои на регионалните натпревари во јуни во Кичево своија 17 први места.Охридските спортисти и годинава очекуваат да бидат најдобри и да го освојат преодниот пехар. Веќе четири години со ред охриските пензионери го осовојуваат првото место. За три континуирани победи во 2011,2012 и 2013 година, го освоија пехарот во трајна сопственоста, а минатата година и преодниот пехар. Охридската екипа досега има постигнато најмногу први места на републичките натпревари, дури шест пати,што ниедна друга екипа досега не постигнала ваков успех.

Инаку, првите републички спортски натпревари на пензионерите на Македонија се одржале во Охрид во 1996 година на стрелиштето „Бејбунар“ на кои учествувале само 10 здруженија од Републикава,и се натпреварувале само во три спортски дисциплини,кои имале рекреативен, а не и натпреварувачки карактер.Оттогаш наваму спортот како главна преокупација кај пензионерите односно луѓето од третата доба стана важна активност и фактор за одржување и подобрување на физичката состојба кај оваа популација.