Пад од едно место за Македонија на ФИФА рејтинг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од 1 место на најновата ФИФА рејтинг листа и се наоѓа на 104 место.

На врвот на ФИФА рејтинг листата нема промени, и понатаму останува водечката тројка Аргентина, Белгија и Германија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Фиџи, со скок од +17 места се најде на 181 место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Сејшелите од -7 места која се најде на 192 место.

WebOhrid