Викендов 15-та Меѓународна регата во кајак и кану на мирни води „Охрид 2015“

Во организација на кајак кану „Стрмец“ од Охрид по повод 8-ми Септември – Ден на независноста на Македонија на 5-ти и 6-ти септември ќе се одржи 15-та меѓународна регата во кајак и кану на мирни води на Охридското Езеро.

На регатата ќе учествуваат екипи од Полска, Бугарија, Србија, Црна Гора, Грција и Македонија.

Регатата ќе се одржи на Охриското Езеро пред хотел Милениум со почеток во 8:30 часот, во конкуренција на кадети/ки, јуниори/ки, сениори/ки во дисциплини К1, К2, Ц1 и Ц2 на 200, 500, и 2000 метри.