Зголемен интензитетот на сообраќајот на патиштата низ државава

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица има задржување од 30 мин,а на граничниот премин Дојран има задржување од 15тина минути за излез од државата. Подолги задржувања има на грчкиот дел, при влез во Грција. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.