Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за второто тримесечје од 2014 година, се пониски за 1.3%.

Во второто тримесечје од 2015 година, во споредба со првото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0.4%, трошоците за материјали се пониски за 1.5%, а трошоците за вработените се повисоки за 5.9%.

Во второто тримесечје од 2015 година, во споредба со второто тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1.3%, трошоците за материјали се пониски за 3.1%, а трошоците за вработените се повисоки за 4.0%.