Делегација од ОО СДСМ Охрид положи свежо цвеќе на спомениците на охридските револуционери

Во чест на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, делегација од општинското раководство на СДСМ од Охрид, д-р Томислав Тунтев – претседател на ОО на СДСМ Охрид и пратеник, Александар Кузески – секретар на ИО на ОО на СДСМ Охрид и Славица Малеска – член на ИО на ОО на СДСМ Охрид, положи свежо цвеќе на спомениците на охридските револуционери во градскиот парк. Во име на СДСМ, делегацијата и на овој голем празник им оддаде почит и признание на славните охридски борци за слобода од Илинденскиот период и од периодот на Народноослободителната борба, кои ги положија своите животи за слободна, независна и суверена Република Македонија.

Jpeg Jpeg Jpeg