Акција за разубавување на делови од дворот на ОУ „Св.Климент Охридски“

Денеска Советот на родители при ОУ„Св.Климент Охридски„ – Охрид, вработените и учениците организираа акција за разубавување на делови од училишниот двор.

„Акцијата се состоеше од фарбање на скалите, делови од фонтаната и местата за седење,со цел училишниот двор да стане повесел и попријатен за учениците.“- информираат од училиштето.