Градоначалникот Бакрачески ги посети пензионерите кои престојуваат во Охрид

Денес градоначалникот Бакрачески во придружба на пратеникот Сашо Василески, ги посети групата пензионери кои престојуваат во Охрид, користејќи ги погодностите што Владата на Република Македонија ги обезбедува за оваа категорија граѓани.

Градоначалникот Бакрачески им посака пријатен престој во Охрид и добро здравје, со желба и во наредните години да бидат наши гости. Пензионерите на кои им одеше во прилог убавото време овој викенд во Охрид, ја изразија својата воодушевеност од Охрид и искажаа благодарност до Владата на Република Македонија,која им овозможува третото доба да им е исполнето со вакви содржини.

Во релаксиран и спонтан разговор, Бакрачески ги запозна пензионерите со плановите на локалната самоуправа за изградба на дом за пензионери, со кој оваа категорија ќе ги има оптималните услови за живеење и реализација на нивните активности.