Викендов од 11-ти до 13-ти септември во организација на Извидничкиот Одред „Мирко Милески” од Кичево (одред домаќин) ,а по повод ослободувањето на градот Кичево, се одржаа традиционалните извиднички средби на кој учествуваа повеќе од 80 учесници натпреварувајќи се во две категории помлади извидници и извидници.
Извидничкиот одред „Пионер“ учествуваше со по една екипа од двете категории и помладите го освоија 5-то место,а додека поголемите го освоија 3-то место и пригодниот пехар.
„Ова е уште еден голем успех за нашите млади извидници кои што ве текот на овој месец по втор пат освојуваат пехар, (покрај оние два освоени во Струга за првите две места) на републичките натревари. Со ова Охрид треба да е горд на своите извидници-скаути.“- вели Зоран Костоски, Старешина на ИО „Пионер“.