Вчера издадени 2.413 потврди на странски државјани

Во периодот од 08,00 часот на 12.09.2015 до 13.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.413 странски државјани, од кои, 1.480 се од машки пол, 288 се од женски, 504 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 141 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.134, Авганистан –132, Ирак-126, Палестина-5, Пакистан-26, додека другите се во помал број.

Врз основ на измените и дополнувањето на Законот за Азил од 18.06.2015 година, Министерството отпочна со издавање на потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегуваат на нашата територија.

Во периодот од 19.06.2015 до 13.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 75.087 странски државјани, од кои, 50.155 се од машки пол, 10.337 се од женски, 12.415 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.180 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-61.029, потоа Авганистан-4.669, Ирак-3..538, Пакистан-2.032 Палестина-842, Сомалија-592, Бангладеж-506, Конго-328, Нигерија-210, Камерун-163 Еритреја-154, Етиопија-118, Судан-106, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 11.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.